„Те сакам фраеру“: Прослава во домот на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ – пејачката објави убава вест

Добивај вести на Viber

Актерот Иван Босиљчиќ денеска слави роденден, а неговата сопруга Јелена Томашевиќ му посвети емотивна порака.

Имено, Јелена Томашевиќ сподели заедничка фотографија со Иван од море каде се среќни, заљубени и насмеани.

- На овој фраер денес му е роденден! Да ни бидеш жив и среќн. Те сакаме, напиша Јелена Томашевиќ.

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Tomasevic Bosiljcic (@jelenatomasevic_official)

„Јас и мојот сопруг доаѓаме од слични семејства“

Инаку, Јелена Томашевиќ неодамна зборуваше за бракот со Иван Босиљчиќ.

- Мислам дека не постои универзален рецепт. Јас и мојот сопруг доаѓаме од слични семејства со слично воспитување. Мислам дека е важно секоја врска да има приближно исти желби и поглед кон иднината. Ова е особено важно во партнерските односи, доколку некој ни се допаѓа физички и како личност и добро се согласуваме, многу е важно нашите ставови за блиска и подалечна иднина да се поклопат. Тогаш се е полесно, кога ќе се случат проблеми полесно се надминуваат.

Според неа, важно е да се разговара со децата секој ден.

- Исклучително е важно да разговарате со децата. Ова го практикувавме со нашата ќерка уште од мали нозе. Секогаш ми се допаѓаше кога Нина доаѓаше од градинка или училиште да ми каже што е ново, изградивме таков однос со неа што ни кажува (скоро) се и кога има проблем не бега од родителите туку не прашува за помош, изјави Јелена за црногорскиот портал „Магазинина“.

На прашањето со што најмногу се гордее во животот, Јелена одговори:

- На моето семејство, но и на моите пријатели и кариерата што ја изградив.

Фото: Инстаграм
Извор: Blic.rs