Ни претстојат три големи празници - Крстовден, Богојавление и Свети Јован: Еве кога треба да постите и кои обичаи мора да ги почитувате

Добивај вести на Viber

Во македонската православа црква, празниците Крстовден, Водици и Свети Јован имаат длабоко вкоренети обичаи кои ја симболизираат верата, заедницата и духовното обновување. Секој од овие денови носи посебна симболика - од пост и осветување на вода, до капење за светиот крст, до празнување на кумството и пријателството.

Пред нас се Крстовден, Богојавление и Свети Јован, а обичаите кои ги придружуваат не само што ги зајакнуваат духовните вредности, туку и го чуваат културното наследство на нашиот народ, пренесувајќи ги традициите од колено на колено, а ова се едни од најважните.

Крстовден (18 јануари)

Крстовден се празнува како подготовка за Водици, а во црковниот календар за овој празник има два датума - зимски и есенски. Постот строго се запазува за зимскиот, бидејќи е ден пред Богојавление. Вообичаено е на тој ден да се осветува вода, позната како Богојавленската вода, за која се верува дека има лековити својства. Верниците ја носат дома за да го осветат домот за здравје во домаќинството. Овој ден често се поминува во молитва и духовна подготовка.

Водици или Богојавление (19 јануари)

Водици е еден од најважните христијански празници, со кој се одбележува крштевањето на Исус Христос во реката Јордан. Најпознатиот обичај поврзан со овој ден е фрлањето за светиот крст, симбол на верата и силата. Исто така, на верниците им се дели и осветена Богојавленска вода. Во народното верување, ноќта пред Богојавление се смета за време кога „небесата се отвораат“ и секоја молитва се услишува. Вообичаено е да се внимава на временските услови бидејќи се верува дека тие предвидуваат каква ќе биде годината.

Свети Јован (20 јануари)

Свети Јован Крстител, кој го крштева Исус, се слави како заштитник на кумството и пријателството. На овој ден обичајот е братство и кумство - луѓето симболично се обврзуваат на пријателство или кумство, со верување дека Свети Јован ги благословува овие односи. Според народното верување, не смее да се јаде или пие ништо црвено, бидејќи црвената боја ја симболизира пролеаната крв на светецот. Свети Јован се смета и за заштитник на многу занаети и уметности.

Фото: Freepik.com
Извор: Zena.blic.rs