Тежок пат на македонските навивачи до Вараждин, Хрватска: Го претресуваа секој автомобил

Добивај вести на Viber

Македонската Фаланга е посебна приказна, како и секогаш. И оваа година илјадници Македонци издвоија многу средства од своите скромни буџети, патуваа долго, до Враждин Хрватска, ги издржаа сите малтретирања на хрватските цариници за да ја бодрат нашата ракометна репрезентација.

-Патувањето беше тешко. Го претресуваа секој автомобич. Не испитуваа каде сме точно сместени. Ни бараа да им ги покажеме билетите, да бидат сигурни дали ќе бидеме присутни на натпреварот – вели Мирослав Попоски еден од најголемите поддржувачи на репрезентацијата и македонскиот спорт воопшто.

Ништо не може да го уништи нивното расположение. Тоа го потврдија на вчерашниот натпревар. На почетокот грмеше македонската химна. А во текот на натпреварот беа да бидат осми играч на својата селекција.

С.А.Н