Сопругата на Бали Бег има 38 години, а изгледа како да наполнила 25 години: Пие од овој чај со 4 состојки и изгледа совршено
Фахрије Евџен воодушевува со својот совршен изглед. Актерката вели дека пие од овој чај со четири состојки
Една од најубавите турски актерки Фахрије Евџен важи за една од омилените и најатрактивните и со право. Таа има 38 години, а изгледа како штотуку да наполнила 25. Во нејзиниот случај, драстичната пластична операција не е опција - таа го доведе до совршенство својот изглед редовно грижејќи се за своето здравје и јадејќи здрава храна.
Таа се прослави во турската серија „Кога лисјата паѓаат“ во која ја глумеше Лејла. Тогаш публиката се заљуби во неа, а таа набрзо среќата ја најде и во љубовта. Таа е во брак со Бурак Озџивит, кој е попознат како Бали бег од турската серија „Сулејман Величествениот“.
Фахрије редовно вежба пилатес, но и внимава што јаде. Нејзините оброци се контролирани, а некои намирници целосно исфрлила од исхраната. Исто така, таа не јаде по 20 часот, а пие околу два литра вода дневно. Интересно е што консумира пијалак кој многумина можеби не би го ниту помирисале бидејќи содржи лук, но токму затоа е исклучително здрав. Тоа е чај со ѓумбир, лук, мед и лимон.
Подготовката е многу едноставна, а прво треба да го излупите и изрендате ѓумбирот, а потоа да го сварите во две шолји вода. По пет минути готвење, додадете лук, мед и сок од лимон. Кога чајот ќе се олади, процедете го и готов е за консумирање.
Поради своите состојки, овој напиток има многу придобивки за организмот. Комбинацијата од ѓумбир и лук е позната по својата способност да го намали крвниот притисок, што е од суштинско значење за здравјето на срцето и кардиоваскуларниот систем. Сепак, ова не е единствената предност на овој пијалак.
Исто така, ѓумбирот се користи за ублажување на настинки и зајакнување на имунитетот, додека лукот е познат по многубројните својства, а од друга страна, лукот е добар извор на повеќе хранливи материи, особено манган, витамин Б6, витамин Ц, селен и растителни влакна.
Покрај здравствените придобивки, овој пијалак има и освежителен и корисен вкус. Ѓумбирот додава малку пикантност, додека лукот и лимонот додаваат сложеност на вкусот. Медот служи како природен засладувач, што го прави овој пијалак вкусен и питок.
Фото: Инстаграм