Скопски, турски, охридски, неготински, кавадаречки, баварски: На Националниот ден на ѓеврекот, прашуваме чиј е највкусен?

Добивај вести на Viber

Колку често изборот за вашиот појадок „паѓа“ на ѓеврек во комбинација со јогурт?

Веруваме дека тоа е често, бидејќи ѓеврекот е вкусно печиво кое ги буди сите можни сетила, карактеристично за кујните во земјите од поранешното отоманско Царство и Блискиот исток.

Има облик на тркало посипано со сусам. Во нашата земја има два вида, обичен и варен ѓеврек.

Некој го сака покрцав, некој помек, со повеќе или помалку сусам, но само едно е сигурно дека е вкусен во секоја варијанта.

Но имаме скопски ѓеврек за кој се вели дека е еден од најубавите, турски, охридски, неготински, кавадаречки, баварски. Секој град и држава за својот геврек вели дека е најубав. Но кој е најубавиот ѓеврек?

Ѓеврекот традиционално се прави од квасец од пченично тесто кое рачно се обликува во прстен, кратко се вари во вода, а потоа се пече. Резултатот е густа, тестеста внатрешност со кафена, а понекогаш и јасна надворешност. Ѓеврекот често се прелива со семиња на надворешната кора – традиционалните избори вклучуваат афион и сусам – или со зрна сол. Различни видови тесто вклучуваат цело зрно и ’рж.

Името ѓеврек има турско потекло што значи „крцкав“ и „крт“.

Денес пишуваме за ѓеврекот затоа што е негов Национален ден.

За да го одбележиме овој ден ви предлагаме рецепт како да направите домашен ѓеврек.

Рецепт за варени ѓевреци:

*1кг брашно

*40 гр свеж квасец

*4 лажици масло по избор

*1 мало лажиче сол

*1 голема лажица шеќер

*околу 400-500 мл вода

За варење:

*вода по потреба

*4 големи лажици мед

За валкање:

*300-400 грама сусам (подобро е потпечен)

Постапката:

Во сад за мешање ставете ги сувите состојки. Додадете го растворениот квасец, водата, маслото и убаво измешајте и замесете меко тесто. Не го чекајте да стаса. Веднаш правете ги ѓевречињата.

Одвојте од тестото мали парчиња, малку помали од пинг-понг топче. Со раце сукајте го да добиете тенко стапче. Стапчето спојте го на краевите да добиете ѓеврече. Доколку не ви оди добро со формата вообичаена за ѓевречиња, направете стапчињата со големина по желба. Нема да згрешите, подеднакво се вкусни и постапката за приготвување е потполно иста.

Во подлабок сад ставете вода да врие. Додадете го медот и ставајте ги да се варат стапчињата/ ѓевречињата. Прво ќе пропаднат на дното, но кога убаво ќе се сварат ќе испливаат на површина. Проверете да не случајно се подзалепило за дното. К

Кога ќе испливаат на површина, извадете ги со лажица решетка, убаво нека се исцедат и веднаш ставете ги во длабок сад полн со потпечен сусам. Убаво извалкајте ги во сусамот и префрлете ги во тавче за печење.

Печете ги на 200 степени додека убаво не заруменат.