3000 евра квадрат за стан во Скопје... и не е толку скапо, туку вие сте стиснати: Ина МногуФина со хит статус

Добивај вести на Viber

Саркастично во нејзин стил, познатата инфлуенсерка Ина МногуФина на социјалните мрежи искоментира за цените на становите.

„Сеа скап квадратот, не е толку скап ко ќе размислиш што добиваш. Значи пази зимаш стан во град што е прв у свет по загаденост, прв у свет. Е нема море ама имаш река и низ неа често плови ѓубре, не е обична река. 

Во цената за квадрат добиваш: немање паркинг, немање јавен превоз, немање рамни улици, немање концертна сала, немање луна парк, немање диско, кабрио контејнери и разни други поволности. Така да, 3000 евра квадрат за све ова не е многу, туку вие сте стиснати“, напиша Ина на Фејсбук.

Инаку, овој статус произлегува од последните предупредувања на градежниците дека цените на становите во метрополата ќе растат или ќе бидат исти, а никако нема да паѓаат.

Во овој период, цените пораснале за 10.6% споредено со истиот квартал во 2023 година.

Според градежниците, цените на становите можат само да останат исти или да растат, но никако да паднат.

Главни причини за тоа се: поскапување на градежните материјали, работната рака и услугите, недостаток на локации за градење, што предизвикува дополнителен притисок врз цените.

Ивица Јакимовски од Градежната комора истакнува дека укинувањето на деталните урбанистички планови (ДУП-ови), особено во општините Центар и Карпош, значително ја намалило понудата на недвижности, што дополнително ги подигнува цените.

„Недоволната понуда и зголемената побарувачка создаваат дисбаланс на пазарот, а тоа води кон постојан раст на цените,“ објаснува Јакимовски. Растечки цени на станови во сите населби Анализите покажуваат дека во централните делови на Скопје, како Центар, Карпош, Кисела Вода и Аеродром, цените достигнуваат рекордни нивоа: Во Центар, цената на новоградбите надминува 2.000 евра/м², а во поексклузивните згради достигнува и 2.500 евра/м², Во Карпош, становите на периферијата се продаваат за околу 1.800 евра/м², додека новоградбите достигнуваат до 2.000 евра/м², Во Чаир и Бутел, цените се зголемени за 30% во последните две години. Дури и старите станови, поради високата побарувачка, бележат раст на цените, со дополнителни трошоци за реновирање кои ја изедначуваат цената со новоградбите.

Од Градежната комора предупредуваат дека доколку не се донесат нови ДУП-ови и не се зголеми понудата на локации за градење, цените ќе продолжат да растат.