Е ова е сопруг: Погледнете што ѝ купи на водителката Милена Антовска- не можеше да се соземе
Милена Антовска Станковска буквално блескаше од среќа, не можеше да се соземе од изненадувањето кое ѝ го приреди сопругот по повод нејзиниот роденден
Водителката е родена на 13 јануари, а нејзината втора среќа ќеркичката Јоана е родена на 14 јануари и двете се дојдени на овој свет на големи христијански празници, а гордата мајка решила овие два значајни датуми за нивното семејство да ги спојат во еден и вчеравечер на роденденот на Јоана да прослават и двете.
Во кругот на семејството и нивните пријатели Милена се забавуваше, а по тој повод носеше кроп блуза со сребрени пулејќи и светки, црно мини здолниште со интересен преклоп напред, сребрени хулахопки и црни чизми со високи потпетици.
А според сторињата кои Антовска Станковска ги сподели со јавноста уживале и сите присутни на прославата.
Родендените се синоним за добивање подароци и претпоставуваме дека водителката очекувала да добие од сите драги личности подарок, но судејќи според нејзината реакција на сторињата кои таа ги сподели, а ги споделија на социјалните мрежи и нејзините најблиски не ни претпоставувала дека од сопругот Гордан ќе доби кола.
Голем црвен автомобил ја чекаше паркиран пред локалот каде се славеа родендените.
Целата во позитивен шок, под куп емоции и насмевка од уво до уво, Милена се упати надвор и го виде убавиот црвен автомобил, на кој имаше ставено голема жолта панделка.
Р.Ж.М.
Фото: Инстаграм