Никола Митревски: Октопод на гол

Добивај вести на Viber

Никола Митревски, кој во октомври ќе наполни 40 години, беше вистински октопод на нашиот гол и одбрани многу зицери на унгарските ракометни ѕвезди. Добро е што селекторот Лазаров се предомисли и во последен момент го врати искусниот чувар на мрежата во нашиот тим. Митревски секогаш бил скромен и ненаметлив како човек, но голем борец на теренот. Точно е дека во моментов имаме неколку млади и талентирани голмани (Томовски, Кизиќ и Галевски), но искуството на Митревски ни е повеќе од потребно.

- Секогаш се трудам,  да го давам најдоброто и го правам нештото најдобро што знам и умеам – ни изјави Митрески во една пригода.

Со него нашата одбрана е многу посигурна, а неговите мотивациски прославувања по секоја одбрана, ја зовриваат и крвта на нашите многубројни гледачи на трибините. На натпреварот со Унгарија имаше 13 одбрани.

С.А.Н

Фото: Ракометна федерација на Македонија/ Фејсбук