Прослава во домот на Драгана Мирковиќ: Пејачката се огласи со убава вест - Не ја крие среќата!

Добивај вести на Viber

Пејачката Драгана Мирковиќ денеска има голема причина за славење, а најубавата вест ја објави на социјалните мрежи.

Нејзиниот син Марко Бијелиќ денеска слави роденден, а гордата мајка му испрати честитка на наследникот.

- Среќен роденден драг мој - напиша Драгана Мирковиќ со фотографија од синот Марко.

Нејзините деца се нејзината најголема поддршка по разводот

Драгана Мирковиќ по разводот откри дека нејзиниот син Марко и нејзината ќерка Мануела се нејзината најголема поддршка во животот.

- Децата се прекрасни, иако веќе не се деца, но јас секогаш така велам (се смее). Тие се возрасни, многу добри и приврзани, паметни и нормални, благодарна сум им што секогаш беа со мене и што ме сакаат толку многу. Морам да кажам дека и двајцата се многу горди на својата мајка, а тоа е мојот најголем успех што можам да го постигнам - изјави Драгана за „Гранд“.

Инаку, синот на пејачката Драгана Мирковиќ, Марко Бијелиќ и неговата девојка Мелани Димитријевиќ неодамна уживаа во Дубаи, каде со денови објавуваа фотографии.

Фото: Инстаграм
Извор: Blic.rs