Наместо шеќер, додадете го овој здрав зачин во кафето: Ќе влезете во старите фармерки по неколку недели

Добивај вести на Viber

Кафето ќе ви го забрза метаболизмот, а ако редовно вежбате и правилно се храните, брзо ќе ја усовршите фигурата.

Нутриционистката Лиза Ричардс нагласува дека најдобро е да се држиме до обичното, црно кафе без додадено млеко или шеќер бидејќи на тој начин трошиме непотребни калории. Таа исто така советува еднаш дневно да додавате малку цимет во кафето.

Таа лично докажа колку е моќно кафето во комбинација со цимет. Имено, секое утро додавала по една лажичка од овој зачин во нејзиниот омилен пијалак. За еден месец забележала значителна разлика во нејзината тежина.

Успеала да ослабе шест килограми и да се ослободи од салото кое со години го имала на стомакот.

„Циметот ја поттикнува термогенезата во телото“, објаснува Ричардс, а со тоа доведува до топење на масните наслаги.

„Тоа е процес на загревање на телото и може да доведе до тоа да согориме повеќе калории. „Покрај тоа, циметот е природна опција за стимулирање на термогенезата и секако е подобар избор од разни додатоци кои можат да го направат истото“, објаснува таа, пишува стилкурир.

Исто така забележува дека ова не е магична напивка и дека резултатите нема да бидат видливи без корекција на вашата исхрана и воведување физичка активност.


Фото: pexels