Жените „полудеа“ по „ботокс - напивката“: Тврдат дека ги намалува брчките и го враќа младешкиот изглед на кожата

Секојдневно сме бомбардирани со различни решенија за
зачувување на младешкиот изглед и убавина. Се чини дека решението е многу
едноставно.
Наместо скапи третмани и строги диети, тајната за сјајна кожа и забрзан метаболизам лежи во правилната исхрана и внимателно одбраните состојки. Затоа многумина го обожаваат напитокот познат како „ботокс напивка“. Тоа е природна мешавина која го стимулира производството на колаген, го подобрува тенот на кожата и му ја дава на телото потребната енергија.
Направен е од три моќни состојки: портокал, морков и
ѓумбир. Оваа комбинација е богата со витамини, антиоксиданси и хранливи материи
кои заедно ја обновуваат кожата, го зајакнуваат имунитетот и го стимулираат
метаболизмот. Покрај тоа што е добар за здравјето, овој напиток ја стимулира
природната регенерација на телото, ги успорува знаците на стареење и го враќа
младешкиот изглед на кожата.
Рецепт за „ботокс-напивка“:
Состојки:
*2 излупени портокали
*4 до 6 моркови
*3 см свеж ѓумбир
*1/3 чаша вода
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Напитокот најдобро е да се конзумира еднаш дневно, идеално навечер, за телото да ги апсорбира сите хранливи материи што е можно повеќе. За почеток, пијте го три пати неделно, а потоа постепено зголемувајте ја фреквенцијата. Веќе по неколку недели ќе забележите позитивни промени на вашата кожа и ќе се чувствувате подобро.
Како функционира напивката?
Портокал – Богат е со витамин Ц, клучен за производство на колаген. Помага за одржување на еластичноста на кожата, ги намалува брчките и го враќа природниот сјај.
Морков - Содржи витамини А и Б, кои ги регенерираат клетките на кожата и го подобруваат нејзиниот тон. Бета-каротенот ја штити кожата од надворешни оштетувања.
Ѓумбир - природен антиоксиданс и антиинфламаторно средство. Ја подобрува циркулацијата на крвта, давајќи ѝ на кожата здрав и свеж изглед.
Со редовно консумирање на овој напиток ќе забележите помазна, посветла и поздрава кожа.
Фото: Freepik.comИзвор: Pink.rs