Миро ме остави сама во хотелот на првата брачна ноќ и си отиде на афтер со другарите за да си ја доврши свадбата: Љубовната приказна на Миро и Ивана Кацарови
![](/media/main/2025/02/20250213091905.jpg)
Февруари е месец на виното и љубовта. Месец кога се слави најубавото чувство на светот-љубовта, но и пијалакот на Боговите-виното. Месец во кој секој може да прослави нешто, вљубените да си ја слават љубовта, а другите може да уживаат во друштво и да го слават виното - за секого по нешто.
На Денот на вљубените, односно Свети Валентин ја споделуваме со вас љубовната приказна на Мирослав Миро и Ивана Кацарови.
Нивната љубовна приказна јавноста ја запозна преку несекојдневното и романтично запросување на Ивана, во Рим - градот на вечноста, љубовта и уникатната архитектура, но и во градот кој ѝ е омилен на нашата соговорничка во приказната, Ивана.
Миро е добро познат на јавноста, тој над 10 години се занимава со јавна професија и повеќе од деценија е водител и дел од повеќе екстрадни магазини кај нас. А Ивана е поранешна одбојкарка. Нивната љубовна приказна која трае 3 години ја споделија со читателите на Женски магазин и открија интересни ексклузивни детали и случувања од нивниот заеднички живот кои досега не ги споделиле никаде јавно претходно.
*Кога и каде се сретнавте - се запознавте прв пат?
- Нашиот прв контакт беше преку инстаграм, комунициравме преку пораки некое време се‘ додека Мирослав не се охрабри и дојде во Тетово да се запознаеме во живо и притоа си го пропушти натпреварот на неговиот омилен клуб Милан, а блиц средба пред оваа имавме во скопско кафуле.
*Кој го направи првиот чекор, како?
- Првиот чекор хмм..., да бидеме искрени(се смее), јас му отидов на маса во едно кафуле и му реков „Абе дечко ти си многу низок“(се смее), а тој остана без зборови што е реткост за Миро.
*Првата средба официјална каде ви беше?
- На првиот дејт официјален, ме однесе во Мериот замислете мислеше дека ќе му паднам на тие фраерски фори ама се зафркна(се смее). Не ме воодушеви местото воопшто, туку тој со неговата харизма, се надевам и Миро го дели истото мислење со мене.
*Првиот бакнеж?
- Еден бакнеш и магија се стори, ете уште сме заедно. П.С: беше кај него во кола.
*Ивана џентлмен ли е Миро, ви ја отвара ли вратата од автомобил, ви помага ли да го облече капутот и сл.?
- Поголем џентлмен не постои, многу добро "усисава" по дома, пушта машина за садови по потреба, ѓубре фрла секој ден, а за горенаведеното во прашањето го прави само кога сме скарани за да си простиме.
*Ивана ќе ни откриете ли кое е она кое ве привлече кај него? Со што ве освои?
- Неговата несекојдневност, доброта, нежност, романтичност, енергија која ја има во изобилие, љубовта кон семејството и едно нешто што ми го има кажано Петар Грашо „Со Миро никогаш нема да ти биде досадно“, неговиот динамичен живот.
*Миро што ве привлече кај Ивана, што е она кое се‘ уште ве воодушевува кај неа?
- Со две пресудни работи, убавината и скромноста. Не ми требаше многу за да сфатам дека таа е таа што сум ја барал сите овие години.
*Ивана знаевте дека Миро ќе ве побара за жена или не? Се сеќавате ли на тој ден. Дали може двајцата да ни доловите во целост како се одвиваше?
-Ни на крај памет најискрено, тоа беше шок за мене, а уште помалку очекував тоа да се случи во мојот омилен град Рим. Си мислев дека одиме на нормална вечера по патот кон ресторанот видовме 2-3 запросувања и после неколку часа и мене ми се случи магија.
Уфф многу е тешко да се опише, имаме видео кое измами многу солзи на тие што го гледаа. Притоа, спектакалот што го приреди Миро среде Рим го гледаа илијадници луѓе на плоштадот и му аплаудираа за уникатноста, идејата и храброста.
*Кога прв пат се запознавте со вашите родители?
- Мене Миро одма ме однесе за Штип (се смее), а јас него го запознав со моите после 3 месеци. И оттогаш па се‘ до ден денес фала му на Бога, обострано многу се сакаме и почитуваме.
*Кој е вашиот најдраг спомен од вашата свадба? А што ви беше најстресно?
- Спомени има многу, се‘ е спомен, тоа е најубавиот ден во нашиот заеднички живот. А стресно и ексклузувно Господинов ме остави сама во ХОТЕЛОТ НА ПРВАТА БРАЧНА НОЌ И СИ ОТИДЕ НА АФТЕР СО ДРУГАРИТЕ ЗА ДА СИ ЈА ДОВРШИ СВАДБАТА.
*Покрај љубовта, љубомората доколку е умерена е донекаде и пожелна кај паровите. Па, кој е пољубоморен?
- Ние сме ти на моменти, зависи кој што има облечено (последна сцена беше љубомората на Миро за едно мое боди со деколте(се смее) и зависи кај се оди кога сме сами.
*Во домот ги делите ли обврските. Кој за што е задолжен?
-Тоа тешко, Миро ќе си дојде од работа или тренинг и ќе си легне со телефонот во раце. На мене е се‘ од јадење, алишта, дете ранење и шетање, читање приказни итн. но не се жалам уживам во моите обврски.
*Кој е поромантичен, кој почесто изненадува, а кој повеќе мрчи?
- Мрчатор е Ивана кратко и јасно. А се знае јас сум и романтичар и практичар. Таква ми е душата боемска. Сакам да си ја изненадам.
*Како јавни личности, тоа ви помогнало во бракот или ви одмогнало. Односно сте имале ли ситуација која довела до кавга, посериозна така да кажам?
- Зависи од расположение, знам некогаш да му испратам остар поглед (без никој да ме види) и со тоа да му дадам на знаење за нешто што ми смета во јавност, а тој се‘ си кажува во друштво (се смее) таков си е човекот.
*Кој прифаќа совети, а кој повеќе сака да ги дели?
- Мирослав дели јас некогаш прифаќам, некогаш не толку.
*Велат: „Љубовта треба да се негува, за да стане посилна“. Ја негувате ли вашата љубов?
- Од утро па до мрак си имаме навики да си кажуваме колку се сакаме и колку си фалиме, да сме дома во моментот како би се гушкале и гледале Нетфликс. Негувањето на љубовта се искажува со зрелост и одговорност во една врска. Се надеваме дека сме на вистинскиот пат.
* Што Ве прави среќни?
- ТОА ШТО СМЕ ЗАЕДНО-СРЕЌНИ-ЗДРАВИ И ЖИВИ со нашите најблиски.
Наталија Миланова
ГАЛЕРИЈА:
![](/media/gallery/2025/02/202502130931311545427307.jpeg)
![](/media/gallery/2025/02/202502130931311852763051.jpeg)
![](/media/gallery/2025/02/202502130931321387934124.jpeg)
![](/media/gallery/2025/02/20250213093133523745966.jpeg)
![](/media/gallery/2025/02/202502130931331531968677.jpeg)
![](/media/gallery/2025/02/20250213093133356656011.jpeg)