Ќерката на Жељко Митровиќ слави роденден: Ваков луксуз не се гледа секој ден
![](/media/main/2025/02/20250214133608.jpg)
Ќерката на Жељко Митровиќ, Кристина Митровиќ денеска слави роденден.
Таа се огласи на социјалните мрежи за да ги покаже подароците што ги добила за нејзиниот посебен ден.
Роденденката добила огромен букет црвени рози, големо плишано мече со срце, а наоколу имало и балони.
Сепак, она што најмногу ги привлече сите погледи е кутијата со луксузен накит која се најде меѓу подароците.
Иако на адресата на Митровиќ пристигнаа многу цвеќиња, таа покажа скапо парче накит што особено го привлече вниманието на сите.
Станува збор за нараквица со дијаманти чија цена е околу 72.000 евра.
Да потсетиме, на социјалните мрежи се огласи и Жељко Митровиќ, кој со објавување на фотографија од својата ќерка со емотивни зборови и го честиташе роденденот.
- Денеска е „Денот на вљубените“, но многу поважно е што мојата Кристина наполни 25 години денес во 2025 година! Среќен роденден љубов, напиша тој, а под објавата следуваа честитки.
Фото: ИнстаграмИзвор: Telegraf.rs