Со нов џип Милица Павловиќ стигна во Скопје: Ги одржа и првите проби пред утрешниот концерт во С.Ц. Јане Сандански (ФОТО)
Пејачката Милица Павловиќ допатува во Скопје каде што утревечер, петок, 14 февруари ќе одржи спектакуларен концерт во С.Ц. „Јане Сандански“.
Милица Павловиќ е позната како голем професионалец кој ништо не препушта на случајноста, па таа пристигна во Македонија три дена пред концертот за да провери дали се е во ред и да одржи проби со музичарите и танчарите.
Облечена во беж бунда, Милица излегла од неодамна купениот автомобил и влегла во елитниот хотел „Мериот“ во центарот на Скопје. Како што дознаваме, Милица и вечерва како и вчеравечер во салата Јане Сандански ќе ја одржи втората проба.
„Милица го предводеше својот тим од луѓе кои ќе работат на овој концерт. Во Скопје пристигнаа околу 120 луѓе, меѓу кои музичари, танчери, фризер, шминкер, кореограф, режисер, уметнички директор, целиот тим кој работи зад сцената.
Сетот и волонтерите кои ќе бидат дел од концертот пристигнаа исто така во Скопје во текот на ноќта“ – изјави извор близок на пејачката.
Затоа не е изненадување ако се каже дека ова е една од најскапите концертни турнеи во регионот.
Милица во петок ќе го одржи петтиот концерт во рамки на нејзината концертна турнеја „Лав“, а публиката може да ја очекува вистински аудио-визуелен спектакл од добра музика, дузина хитови, мноштво танци и кореографии и шаренило од екстравагантни костими, сето тоа зачинето со низа спетри од светлосни и видео ефекти како и соодветна сценографија оплеменета со специјално изработени сценски елементи.
ФОТО: Приватна архива/Никола Радишиќ/Лука Степановиќ