Овие 3 фризури се совршени за модерни жени над 50 години: Лесни се за одржување и носат силна порака за самоприфаќање
Овие 3 фризури се совршени за модерни жени над 50 години: Лесни се за одржување и носат силна порака за самоприфаќање
Фризурата може да направи да изгледате помлади
Зрелите жени често се во дилема околу изборот на фризура, бидејќи погрешниот избор може да направи да изгледаат постари отколку што се. Од друга страна, добрата фризура може да ги избрише годините и да направи жената да изгледа младешки.
Ви носиме 3 лесни за одржување фризури за подмладување за жени над 50 години:
Кратка коса
Ако стилизирањето на
косата наутро е последното нешто што ви паѓа на ум, кратката коса или
популарната пикси фризура која не губи многу време на стилизирање е едноставно
вистинската работа за вас.
„За зрелата жена која има природно виткана или брановидна коса, пикси кројот е најдобриот избор, бидејќи користи природна коса за да создаде текстура и волумен. Тие исто така се релативно лесни за стилизирање и одржување на дневна основа“, вели професионалната фризерка Валери Мејн.
Бранови до
рамениците
Брановите до рамениците можат да направат да изгледате меки и младешки, а исто
така изгледаат одлично и во поформални прилики.
Стрејт Боб
Ако сте љубител на едноставноста, ова е фризурата за вас. Едноставена права боб фризурадо рамениците. Фризурата можете лесно
да ја стилизирате дома, многу е лесна за одржување, а исто така ќе ви одземе
неколку години од лицето. Ако сакате да експериментирате, можете да ги скратите
и шишките за уште помлад изглед.
Извор: Wanted.mondo.rs