Блага Петреска „гази“ во осмата деценија како вистинска дива: Пука од префинетост и елеганција
![](/media/main/2025/02/20250207211717.jpg)
За неа годините се само бројка, песната е нејзина ѕвезда водилка низ животот, а насмевка е карактеристика која го краси нејзиното лице.
Иако е во осмата деценија од животот, Блага Петреска сè уште важи за една од најубавите жени на музичката сцена. Секогаш соодветно облечена за приликата во која се појавува, модерна, а сето тоа надополнето со нејзиниот весел дух и харизма која плени.
Токму така беше лани на манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“ ја доби наградата за животно дело.
Токму таму покажа како треба да изгледа една дама на нејзини години. Доследна на нејзиниот стил – покажа врвна елеганција во црн долг фустан за на Оскари, со волуменозни ракави, која веднаш ја освои публиката.
Сведоци сме на многу јавни појавувања на Блага Петреска, каде го задржува стилот на умереност и секогаш модерна.
Токму таа Блага Петреска во далечната 1967 година, на фестивалот „Омладина“ во Суботица со песната „Ветерот, ти и јас“, го доби епитетот Нина Симон. Младата прилепчанка со нејзиниот глас уште тогаш ја освојуваше публиката.
Малкумина можеби знаат дека Блага Петреска музичката кариера ја започнала со пеење детски песни песнички, а потоа продолжила во забавната музика, за оваа година да прославува цели 60 години музичка кариера.
Кралица е малку да ја наречеме, кога ја гледаме и слушаме таа е мелем за очите и ушите. Позитивен атом кој со секоја нота шири само позитивни вибрации.
Но животот не бил отсекогаш песна за оваа дама. Кога во 1969-та година по три години предавање клавир во музичкото училиште во Прилеп и паралелно завршила педагошка академија, заминала во Скопје, разочарана од една голема љубов таму ја запознава љубовта на нејзиниот живот.
По доаѓањето во Скоје се вработила во Операта и тогаш ја снимила првата сингл-плоча со Кочо Петровски за РТБ. Потоа следувале настапите на Скопскиот фестивал во 1971 и во 1972 година и турнеите со најпопуларните југословенски пејачи. Во тој период го сренала Павел Контраденко – Павка, по потекло Украинец, по професија архитект.
Како што раскажа Блага во едно интервју тој бил многу музикален – имал завршено средно музичко училиште. Тогаш првпат почувствувавла дека некој толку многу се грижи за неа и дека некому многу му значам. Нивната љубов ја граделе чекор по чекор. Тој ја освоил со неговиот карактер, а потоа и со изгледот. Во времето додека се забавувала со Павка, и понудиле да ја игра Коштана.
Во 1973 година Блага и Павка ја крунисале љубовта со брак. Прво се раѓа нивниот син Олег, а по две години ја добиваат и ќерката Оља.
– Се повлеков од сцената зашто сакав да бидам покрај моето семејство. Но, на Павка не му пречеше да продолжам да пеам и затоа ја прифатив понудата да настапувам со професионалниот воен оркестар. Пеев заедно со покојната Сашка Петковска, Кирчо Поп Лазаров, Дарко Мијалковски, Јанко Узунов, со групата Мањифико. Во тоа време правевме прекрасни концерти. Морам да кажам дека соработката со воениот оркестар ми помогна да направам добар репертоар, вели Блага во една нејзина изјава.
Благодарение на Ѓорѓи Димчевски, Блага ја снимила втората сингл-плоча, со која и се враќа на народната песна. Потоа снимила уште многу песни, а со тоа следеле и турнеите надвор од границите на Југославија.
Па така кога била на една турнеја во Канада, се случил најтешкиот ден во нејзиниот живот. Точно во пресрет на новата 1983 година, само што пристигнала во Канада, и соопштиле дека – починал нејзиниот сопруг. Таа, 1982 година, била најуспешната година во нејзината кариера, а последните неколку години пред да се случи трагедијата биле период на најсреќен семеен живот.
Но оваа семејна трагедија, Блага ја направи само посилна да се бори за нејзините деца, но и да го работи она што најдобро го знае, музиката и песната.
Фото: ФејсбукРЖМ