Јелена Розга ангажираше адвокат поради венчавката со Иван Хулиќ: Сватовите ќе мора да потпишат договор, ова се деталите

Добивај вести на Viber

Пејачката Јелена Розга наводно ќе се мажи за синот на Тончи Хуљиќ, Иван Хуљиќ.

Како што пренесуваат локалните медиуми, Јелена Розга и Иван Хуљиќ планираат интимна венчавка во кругот на семејството и најблиските пријатели, а посебно внимание ќе се посвети на приватноста.

Имено, како што се наведува, сите гости ќе треба да потпишат договор за доверливост, а споделувањето на фотографии и информации од прославата ќе биде строго забрането, а поради договорот за приватност Розга ангажирала и адвокат. Иван Хуљиќ не сака да се експонира пред медиумите и неговата приватност е најважна кога е во прашање организацијата на венчавките.

Идните младенци ќе имаат дури две свадби

Едната свадба ќе биде во Хрватска, а другата на егзотична дестинација. Моментално наддавањето во куќата на Розга и Хуљиќ е дали тоа ќе бидат популарните Малдиви или Бали.

- Во куќата на Јелена и Иван се почесто се слушаат свадбени ѕвона. Толку долго го чекаше вистинскиот и тој е тука. Останува само официјално да кажат кога ќе се венчаат и да ги поканат пријателите и семејството да бидат сведоци на нивната љубов во најубавиот момент, а тоа е свадбената церемонија. Се зборуваше дека ќе биде на лето, но има сите шанси да биде наесен - вели добро информиран извор близок до парот.

Пејачката и наследникот на познатиот композитор, врската ја започнаа за време на работата на нејзината песна "Od čega sam ja",а Иван и беше поддршка на Јелена на нејзините на концертите во белградскиот Сава центар кои се одржаа во декември и јануари, пишува „Курир“.

Извор: Blic.rs