Ова е момчето со кое се вери Милица Тодоровиќ: Богат бизнисмен од Хрватска првпат фатен во јавност (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Милица Тодоровиќ се обидува да го сокрие приватниот живот од медиумите, но како што дознаваме неодамна се свршила со бизнисмен од Хрватска по име Марио.

Папараците од шоуто „Папарацо лов“ успеаја да го уловат момчето кое успеа да го освои нејзиното срце. 

Носеше сива тренерка и јакна, а бидејќи тој ден беше многу студено во Белград, имаше капа на главата. 

За кратко време успеал да направи и сообраќаен прекршок. 

Марио е од римокатоличка вероисповед, а бидејќи српската црква одобрува само мешани бракови под одредени услови, двајцата се согласиле да склучуваат само граѓански брак, пишува гранд.

-Милица и Марио се вљубени еден во друг. Само што тој ја запросил, таа воодушевено прифатила и рекла „да“. Немала поим дека нејзиното момче ѝ подготвува вакво изненадување. Прстенот ја извадил од памет, била толку шокирана што буквално не знаела што ѝ се случило. Сите се многу среќни за нив, но Милица се‘ уште не сака да зборува за тоа бидејќи многу пати била изгорена кога јавно зборувала за љубовта, па сега мудро решила се‘ да премолчи. Планот е свадбата да се случи оваа година, веројатно во тајност – вели извор за „Курир“ и додава:

-Тоа не ѝ е толку важно, важно е само што најде маж со кој може да замисли како ќе го помине остатокот од животот. Она што е речиси сигурно е дека ќе склучат граѓански брак само пред матичар, а не размислуваат за црковен брак поради разни компликации бидејќи Марио доаѓа од земја во која живеат претежно римокатолици. За разлика од нив, нејзините родители сакаат вистинска традиционална венчавка, па на крајот ќе најдат компромисно решение. Сè на сè, тие многу се сакаат и тоа е најважно - изјави за „Курир“ извор близок до љубовниците.


Фото: Youtube - screenshoot/ Printscreen Paparaco Lov