„Мора да живееш, мора!“: Андрија Милошевиќ со емотивно писмо за синот Реља

Добивај вести на Viber

На 25 февруари 2022 година, Андрија Милошевиќ и Сандра Томиќ го добија синот Реља, кој стана цел нивен свет.

Тригодишниот син на Андрија Милошевиќ е најдобар пријател на татко му, а татко му на 24 дена пред роденденот му напиша емотивно писмо и го сподели на Инстаграм заедно со фотографија од русокосото момче, кое замислено гледа во морето.

- Мора да живееш. Мораш. Нема тука сакам - несакам. Дојде, тука си, сакше. Сега диши. Зборувај, размислувај, лути се, смеј се, уживај, не уживај, надевај се, разочарувај, жени се, разведи се, тагувај, мудрувај, патувај. Раѓај, погребај, чекај, побрзај, успори, јади, гладувај, погледни ги ѕвездите. Да, да, ти си толку мал. Мора да сакаш, мораш. Сакај. Тешко е, ќе мислат дека си слаб. Ќе те нападнат, ќе го препознаат човекот во тебе. Поради тоа ќе ти се смета – пишува Андрија и емотивно заклучува:

- Тогаш повторно погледни ги ѕвездите. Да, да, толку си голем.

Андрија метафорично писмото за неговиот син им го посвети на студентите од Србија кои масовно простетсираат.

„На нашата младина и на сите оние кои не ги затвориле своите срца за љубовта, душите за вербата во подобро утре и силата да истраат во она во што веруваат!“.

Овие зборови ќе бидат сместени во книгата која ја пишува актерот и кратко најви на социјалните мрежи:

„Од книгата што речиси ја завршив и сакав да споделам дел со сите добри луѓе“, напиша Андрија.

View this post on Instagram

A post shared by andrijamilosevic_official (@andrijamilosevic_official)

- Јас сум татко и Реља мене ми е нешто необјасниво. Среќен сум што Бог ми даде можност да почувствувам таква љубов. Сега не се каам и да умрам после тоа – изјавил актерот во една прилика за медиумите.

Фото: Инстаграм
Извор: Story.rs