Актуелно // Insta вести
„Да ти се множат годините мајко моја“: Гавазова емотивна за роденденот на мајка ѝ со која многу си личат
- 01 Февруари, 2025

Веднаш по дочекот на Новата 2025 година пејачката Сузана Гавазова заедно со семејството се спакува и отпатува за САД. Таму таа имаше турнеја, посети неколку градови во кои има нашинци македонци и ги забавуваше со наша македонска музика.
Иако многупати пејачката истакнала дека пеењето е нејзина страст и голема љубов и дека нејзината работа ја исполнува, сепак по турнејата на заслужен одмор прошета малку појужно од Соединтетите Американски држави, го посети Мексико.
Пејачката објави фотографија по тој повод и напиша:
Да ти се множат годините мајко моја. Те сакам. Среќен роденден