Нема да поверувате дека тука живее Дино Мерлин: Може да ужива во луксуз, но не ја напушта куќата во која е роден (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Пејачот Дино Мерлин е сопственик на куќа и продавница во Сараево, а екипата на српски „Блиц“ своевремено ја посетила населбата во која живее кантавторот.

Имено, откако минатата година на пејачот му се слошило во неговата продавница во Башчаршија, екипата на „Блиц“ заминала во Сараево од каде што пренесоа како изгледа недвижноста на Дино Мерлин, а разговарале и со неговите соседи.

Куќата на Дино Мерлин се наоѓа во населбата Алифаковац и на прв поглед не изгледа премногу луксузно и не се разликува многу од околните куќи. Терасата е оградена, што на пејачот му дава дополнителна приватност.

Освен семејната куќа на Алифаковац, Дино Мерлин поседува и други имоти. Така, во резиденцијалниот дел на Сараево има куќа која ја издава на амбасадор на странска држава.

Да потсетиме, Дино Мерлин не сака премногу да зборува за својот приватен живот, а во една прилика зборуваше и за својот син Хамза, како и за наследничката Најда.


- Важно е да останеме луѓе во најелементарните работи. Да речеме, јас сум многу среќен поради мојот приватен дел, бидејќи никогаш нема да прочитате дека син ми вози „ламборгини“ или „ферари“, колку се горди, како шмркаат... Моите деца се учтиви, вредни - рече тогаш Мерлин.


- Мојата најголема среќа е кога ќе дојде таксист и ќе ми рече: „Ги знам твоите песни, но какви скромни деца имаш“. Па, тоа е вашето најголемо достигнување. Драго ми е што живееме пристоен живот и се солидаризираме со луѓето – заклучил пејачот за „ХРТ“.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Извор: Zena.blic.rs