Мајката на Лила прослави јубилеен роденден: Водителката го покажа целото семејство

Добивај вести на Viber

 Бројка од 80 години на роденденската торта вчера дувна мајката на познатата водителка Лила.

Иако ретко знае да сподели интимни моменти од приватниот живот и семејството, овој пат водителката реши да покаже како го прославиле роденденот на нејзината како што вели кралица.


„Нашата Мајка Кралица денес полни 80 години.
И нема доволно зборови со кои би можеле да ја изразиме нашата бескрајна љубов и благодарност што токму таа е нашата мајка. За сѐ што не научи, за сите совети, тони несебична љубов, за сите сочувани тајни, што беше нашиот панцир…два животи да живееме не можеме да ти се оддолжиме … иако никогаш не го бараше тоа од нас.

Ти фалеше твојата Маце ама ја вклучивмe на вибер па бевме комплетни. Те сакаме Мама и да ни живееш уште доооолго дооолго“ - напиша Лила на социјалните мрежи.

На фотографиите кои ги сподели Лила е и нејзиниот син Филип, но и брат ѝ.


ФОТО: Инстаграм официјален профил Лила