Елена Реи нашиот познат топ модел во модна кампања за познат бренд од Сингапур

Добивај вести на Viber

Нашиот неповторлив топ модел Елена Реи која веќе подолго време престојува во Азија неодамна изработи кампања за накит на познатиот бренд Фелин од Сингапур.

Оваа уникатна колекција на накит која вклучува различни модни додатоци ќе биде пласирана за предстојната модна сезона. Со нејзината кариера која трае  повеќе од петнасет години Реи ќе биде запаметена како една од ретките македонки кои интернационално постигнале неверојатни успеси.

Оваа наша убавица која поседува моќна трансформација е вистински пример за врвен професионален модел. После Токио и Сингапур, Елена Реи патува за Шангај каде работи кампања за нова колекција на светски познат дизајнер. 

„Нам како нејзина матична агенција ни преостанува да и бидеме вечна подршка бидејќи не представува низ  светот во вистинско модно светло“, велат од Моделс ИН Менаџмент.


 .