Една фотографија, еден остварен сон: Некогаш и сега -Браќата Петар и Павле Атанасијевиќ со нивниот идол Никола Митревски

Добивај вести на Viber

Додека сме деца се огледуваме на нашите идоли. Тоа што тие го прават, го правиме и ние. Посакуваме да сме како нив.

Идолот како личност многу значи за едно дете и неговото детство.

Еден таков сон да бидеш во близина на својот идол, да се фотографираш со него, да поразговараш им се оствари на браќата – близнаци, ракометарите Петар и Павле Атанасијевиќ.

Во едно минато време, тие се фотографирале со нивниот идол, голманот на македонската ракометна репрезентација Никола Митревски, за години подоцна и тие да го облечат националниот дрес и да заиграат рамо до рамо со Митревски.

Првата фотографијата е направена кога браќата Петар и Павле Атанасијевиќ гледале идол во Митревски, а втората гордо стојат до него како ракометари во дресот на македонската ракометна репрезентација.

Фото: Фејсбук
РЖМ