Ќерката на Викторија Јаначковиќ славеше роденден: Ќе тргне ли по стапките на мама малата Никита?

Добивај вести на Viber

Поранешната манекенка и модел Викторија Јаначковиќ го прослави вториот роденден на нејзината ќерка, Никита.

Роденденската торта била бела со златни и розови детали, а на врвот ја красела женско мече, на што Никита посебно се израдувала.

„Љубов“, напиша Вики на фотографиите.

За овој специјален ден, Никита е облечена во црвено фустанче со тул.

Викторија Јаначковиќ во интервју за Женски магазин изјави дека за неа Никита е нешто најдобро што ѝ се случило во животот и сега ги разбира сите мајки на светот.

Јаначковиќ стана мајка во 2023 година со помош на татко донор. На оваа тема зборуваше во интервјуто и раскажа дека не се грижи што мислат другите и дека најголемата поддршка ја добила од нејзините родители.

- Никита е нешто најдобро што ми се случило во животот. Таа беше тој дел од сложувалката која ми била потребна. Покрај сè што направив, сега навистина успеав во животот. Ова се сака, ова се дише, ова се љуби, ова е чудо. Сега ги разбирам, сите мајки на светот. Верувајте во себе, бесплатно е.

Прва Нова година на Викторија Јаначковиќ како мајка: Никита е дел од сложувалката која ми била потребна и навистина успеав во животот

Фото: Инстаграм
РЖМ