Преслатко: Мајка „уловила“ бебе во шкафче полно слатки, оваа реакција не ја очекувала! (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Симпатичен момент снимен од една мајка ги освои срцата на луѓето на социјалните мрежи

Мама Алексија неодамна на својот Тик Ток профил објави видео во кое ја уловила ќерка си која се вовлекла во кујнската витрина полна со слатки и грицки.

Девојчето во видеото изгледа како да истражува сосема нов свет. „Некој ја најде витрината за бонбони“, напиша мајката на видеото, на кое се гледа како малото девојче љубопитно истражува шарени кеси полни со бонбони и грицки, со некои парчиња расфрлани на подот. „Сега сме во неволја“, се пошегува мајката во описот на видеото кое за само неколку дена собра над половина милион прегледи.

@paytonalexiaa

We are in trouble now

Stealthy mischief(1088178) - KBYS

Можете ли да ја обвините?

Бебето брзо ги освои срцата на луѓето на социјалните мрежи. „Па, мислам, можеш ли да ја обвиниш“, „Барем покажа дека е снаодлива и независна“, „Само мирно јаде внатре и ужива“, „Ова е премногу слатко“, се само дел од многуте коментари на луѓе кои слатко се насмевнаа на оваа ситуација, а веројатно се најдоа во слична ситуација.


Фото и Видео: ТикТок