САМО ВО ЧУДЕСНА МАКЕДОНИЈА – НЕ РАБОТАТ АМА ПЛАТА ИМ ЛЕГНУВА НА СМЕТКА: ревизорите за работењето на ПИОМ

Добивај вести на Viber

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во текот на 2023 година ангажирал лица кои добивале плата, ама постои сомнеж дали тие се појавиле на договорените работни места.

Ова е една од забелешките на Државниот завод за ревизија, од каде укажуваат на бројни недоследности во работењето на Фондот. Сепак, еден од аспектите кои се особено проблематични е вработувањето на над 200 граѓани кои добивале плата преку Фондот, но работните задачи не ги извршувале.

-Во текот на 2023 година ангажирани се 206 физички лица со договор на дело за период од 2 до 12 месеца, за кои Фондот има обезбедено согласности од Министерство за финансии врз основа на член 9 од Законот за трансформација на работен односсогласно кој институциите можат да ангажираат лица над 1 процент од вкупниот број на вработени и со поголемо времетрање врз основа на обезбедена согласност од МФ. Лицата се ангажирани за извршување на работни задачи согласно систематизацијата на работни места на Фондот, за кои исплатени се средства во износ од 50.377 илјади денари– се појаснува во ревизорскиот извештај на ДЗР.

Детали на Фактор тука.