БИОЛОШКАТА ТЕРАПИЈА Е НА КЛИНИКАТА ЗА ОНКОЛОГИЈА, ПАЦИЕНТИТЕ ЌЕ ЈА ДОБИЈАТ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА: „Следната година нема да има ваков проблем“
Терапијата што недостасуваше на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) конечно пристигна, но пациентите ќе можат да ја добијат од следната недела. Министерот за здравство Арбен Таравари информираше дека дел од неопходните лекови се веќе на располагање, додека нови количини се очекуваат во текот на утрешниот ден, како и во понеделник.
„Првпат се случува да нема терапија 10 дена, но мора да се нагласи дека 95 проценти од пациентите ја добиваат својата терапија. Недостигот се однесуваше на околу пет проценти од пациентите, што е околу 20 до 30 лица. Сепак, и еден пациент да е во прашање – тоа е премногу. Направивме максимални напори и од идната недела сите ќе бидат третирани“, изјави Таравари пред почетокот на националната консултација за реформа на болничкиот сектор.
Тој увери дека министерството работи на спречување на идни кризи со снабдувањето на лекови, со што наредната година нема повторно да се соочат со истиот проблем. Во однос на информациите дека се трошат последните количини на имунолошка терапија, Таравари изрази надеж дека брзо ќе биде најдено решение.
Детали читајте на Фактор тука.