За зима без вируси и настинки: Рецептот за најдобар еликсир за имунитет го погледнале над 20 милиони луѓе (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Се препорачува да се консумира во период од две до четири недели

Ѓумбирот делува како одличен антиоксиданс, уништувајќи ги слободните радикали кои ги оштетуваат нашите клетки.

Многу луѓе користат лимон и ѓумбир бидејќи тие се добри за зајакнување на имунитетот и заштита од вируси и настинки. Затоа ви предлагаме од овие состојки да направите мелем кој можете да го консумирате во текот на зимата.

Ова е едноставен, но вкусен рецепт за посилен имунитет во кој ќе можете да уживате.

Отребни намирници:

-2 лимони

-корен од ѓумбир

-малку мед

Начин на подготовка:

Пред да го подготвите лимонот, добро исчистете го, прво истријте ја кората со крупна сол, потоа со сода бикарбона и оставете ја да отстои во вода со растворена во неа сода бикарбона 15 минути.

Исечете го лимонот на тенки парчиња и подгответе ги парчињата ѓумбир. Извадете ги семките од лимонот за смесата да не биде горчлива.

На дното на теглата ставете парчиња лимон и додадете ѓумбир, па одозгора прелијте со мед, па нов слој лимон и ѓумбир со додавање мед и така додека теглата не се наполни, пренесува Србија Данас.

Се препорачува да се консумира во период од две до четири недели.

Погледнете го приложеното видео за да видите како се подготвува овој мелем:


Фото и Видео: Youtube