„Овој ден има посебна важност за мене, мојата фамилија и корен, го празнуваме повеќе од 100 години“: Пејачот Јордан Митев со емотивна објава за именденот

Добивај вести на Viber

Вчерашниот празник Водици беше посебен ден за македонскиот фолк-пејач Јордан Митев.

Пејачот објави фотографија со икона во рацете која ја добил на подарок и објави зошто токму овој ден е посебен во неговото семејство.

Освен што прослави именден, Јордан вели дека овој празник во неговото семејство се празнува повеќе од 100 години, а еве и зошто:

„Денес е убав ден, ден кој има посебна важност за мене, мојата фамилија и мојот корен. Прадедо ми се викал Ристо, дедо ми се викаше Јордан, татко ми се вика Ристо, јас сум Јордан. Овој убав празник се слави кај нас повеќе од 100 години, а со тоа многу јасно е дефиниран мојот код и идентитет. За многу години Македонци.

За многу години мои поддржувачи и слушатели од каде и да сте кој и да сте!

Бог се јави! За многу години Богојавление – Водици!

(Благодарам Г-не Благоја П. за оваа прекрасна икона која е симбол на денешниот празник Водици)“, напиша Митев во објавата.


Инаку пејачот именденот го прослави со настап на Питијадата во Авткоманда.

Фото: Фејсбук