Политички и бизнис крем на трибините навиваше за Македонија во Вараждин: Дури и Америка со поддршка

Добивај вести на Viber

Македонската ракометна репрезентација вчеравечер го одигра првиот натпревар на Светското првенство во ракомет.

Репрезентацијата на Унгарија беше нашиот противник во спортската сала во Вараждин, Хрватска.

Трибините обоени во црвено-жолто. Македонските навивачи главна поддршка на трибини со навивачки песни и реквизити кои дополнително ја загреаа атмосферата.

Новиот состав на селекторот Кире Лазаров покажа желба, но и борбеност на теренот. Не се предадоа, играа како што доликува на една млада и свежа крв, за која ова е само почеток.

Македонија-Унгарија, заврши реми, 27-27.

Пред, за време, но и по натпреварот македонската ракометна репрезентација добиваше поддршка од сите страни. Дел од трибините, дел од пред телевизија, дел на социјалните мрежи.

Еве дел од атмосферата и кој се беше дел од црвено-жолтата фаланга:

Првиот човек на Македонската ракометна федерација, Живко Мукаетов од трибините ја бодреше македонската ракометна репрезентација заедно со американската амбасадорка во Македонија, Анџела П. Агелер.

Ракоемтарите поддршка добија и од премиерот на државата Христијан Мицковски: 

„Резултат на македонските ракометари вреден како за победа. Одлична игра и оставање срце на терен. Напред момци, Македонија е со вас! За Македонија!“.

На трибините гласно за Македонија навиваше и министерката за енергетика, рударство и минисерални суровини, Сања Божиновска.

„АЈДЕ, МАКЕДОНИЈА! црвено-жолтите повторно пишуваат историја! Тука почна магијата во 2009, тука вечерва повторно ќе блесне Македонија!

Македонските момци вечерва се борат за сите нас. Да им испратиме сила, мотивација и верба дека можат се. Од трибините во Вараждин со цело срце за црвено-жолтите!, Сите сме со вас – горди, обединети и гладни за победа!

Да навиваме заедно за Македонија!“.

Со фотографија од теренот во Вараждин објави и поранешниот пратеник Илија Димовски.




Со дрес на Македонија, поддршка од трибините во Вараждин даде и Кики Мукаетова, ќерката на претсетдателот на Македонската фудбалска федерација, Живко Мукаетов.

Игор Ангеловски - Мрмр, поранешниот тренер на Македонската фудбалска репрезентација со кој Македонија го достигна најголемиот успех во фудбалот, со своја поддршка на трибините во Вараждин.

Ангеловски со македонските фудбалери успеа да стигне до Евро 2020.

Еве и дел од атмосферата на македонската фалага пред и за време на натпреварот Макеоднија - Унгарија:





Фото: Социјални мрежи/ Инстаграм/ Фејсбук
РЖМ