Позитив на денот: Овие бебиња близнаци се доказ дека секој живот е чудо-Браво за доктор Чадиковски

Добивај вести на Viber

Секој живот е чудо, често се вели во медицината. Да, токму така. Овој пат ова е потврдено и од докторот херој кој на социјалните мрежи сподели убави вести.

Владимир Чадиковски, меѓу докторите кој има спасено многу детски животи, уште еднаш покажа дека е вреден за секоја пофалба и херој е мал збор за тоа што го прави.

Во декември , Чадиковски направи успешна операција на најмалото бебе оперирано од него и неговиот тим, а сега го испрати дома со своите родители.

Бебето беше со срцева маана, и го оперираа веднаш по раѓањето кога тежеше само 980 грама. Вчера тоа беше испратено дома.

„Две близначиња – две срца поврзани уште пред да се родат. Едното бебе со срцева мана (TGA) успеа да преживее благодарение на своето братче, кое му беше поддршка во утробата. По раѓањето, веднаш ја направивме потребната операција, и денес со радост ги испраќаме дома – здрави и насмеани! Најмалото бебе што сме го оперирале досега – доказ дека секој живот е чудо. Браво за тимот! - напиша на социјалните мрежи доктор Владимир Чадиковски објавувајќи видео.




ФОТО: Принтскрин Инстаграм