„Засекогаш млада“: Насмевката ја задржа, а само една работа менуваше низ годините – Ретро времеплов на Лила Филиповска

Добивај вести на Viber

Иако е во шестата деценија, за неа времето како да застанало, ова го потврдуваат и фотографиите собрани во еден видео колаж од 2010 година.

Она што се менувало на водителката Лила Филиповска низ годините е само бојата на косата и стилот на облекување, но ја задржала насмевката и нејзиното витко тело.

„Засекогаш млада“, напиша Лила на видеото.

„Незаменлива“, „Секоја наредна година си поубава Лила“, „Кралица“, „Нашата кралица“, се дел од коментарите на следбениците на Лила.

Позитивниот дух на водителката исто така е нешто што го негува со години. Лила во 2023-та година му се спротивстави на ракот, го победи, и повторно со насмевка и позитивна мисла излезе од оваа битка.

Но Лила знае како да ужива во животот. Патувањата се вистински елексир на младоста и кои духовно исполнуваат. Ова Лила многу често го консумира, па не ни чудно што е препуштена на спонтаноста во животот од каде се полни само со позитивни јони.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб
РЖМ