Мареј во инвалидска колична, Боже ме прости
Да, да, на УС Опен, Енди Мареј мора да седи како во инвалидска количка, Боже ме прости повеќе од 3-4 часа.
Оваа малициозност не би ја употребала сигурно во ниту еден друг контекст, ама овде ми се мести ептен како на волеите на Дејвид Бекам. Како слободен удар од 25 метри. Саркастичен и малициозен британски хумор.
Да, да, Енди понекогаш ќе мора да го рипа и својот двесте годишен стар ритуал, чај со млеко во 5, ако така му каже Ѓоковиќ
Можеби ќе мора да рипа и многу други тредиционални британски церемонии, ако така му каже Ѓоковиќ.
Јебига за тоа зима плата. Односно за тоа го плаќа Новак.
Се прашувам дали сега насловите на најтиражните Британски весници ќе бидат Британецот Енди Мареј, успешен и како тениски тренер, или Британцеот Енди Мареј, ита кон нова Грен Слем титула на УС Опен, или пак на пример Британцот Енди Мареј заслужен за усехот на Новак Ѓоковиќ.
Или пак ќе бидат во друг контекст како на пример, Шкотлнѓанецот Енди Мареј загуби во полуфиналето на УС Опен, односно Шкотланѓанецот Енди Мареј, не успеа да го донесе Новак Ѓоковиќ до својата 25та Грен Слем титула…
Оти кога Енди победуваше, тогаш беше Британец, кога ќе загубеше, тогаш беше Шкотланѓанец. Така пишуваа Британските весници.
А, кога го освои олимпиското злато, да не речам кога Ѓоковиќ му го подари, тогаш Енди стана и Сер Енди Мареј. Титула која Кралицата на Британија ја доделуваше за време на својот живот и тоа по свое убедување, на значајни и видни личности, кои допринеле на овој или оној начин во популарноста на Британија.
Точно е дека Енди и Новак се добри другари, точно е дека се и кумови, Енди му е венчален кум на Новак, сѐ е тоа така.
Точно е и дека беа долгогодишни тениски ривали, во онаа прочуена тениска четворка Федерер, Надал, Ѓоковиќ и Мареј. Четворка, која којзнае кога повторно ќе му се случи на тенисот. Четворка во која Федерер и Надал беа омилени, беа сакани по дифолт, затоа што беа третирани како од Бога дадени, Мареј, што е право за право, иако беше британец, што само по себе носи “сакање“, од Бога дадено, но токму поради тоа што постојано каскаше во споредба со овие другиве тројца, ја немаше таа пиедесталска симпатија.
Србинот пак, Новак Ѓоковиќ тука ги мрсеше конците, како што само тој знаеше и умееше. Постојано ги мрсеше конците.
За тоа колку тој сам се бореше и се уште се бори сам против сите, како и за тоа колку мораше и се уште мора да трпи разно-разни санкции и осудувања, омаловажувања и тортури на големо е пишувано.
Исто така е пишувано и за тоа, колку тој сета таа малициозност на светот против него ја користи како свое оружје и колку всушност со нивните куршуми го бие светот. Можам само да замислам колку е опака и тешка оваа негова лична битка и со светот, но и со себе. Не знам од што треба да си создаден за да можеш сето ова да го издржиш и на свои 37 години да имаш нешто што се коси со сите закони на тениската физика.
Тоа се мајстории, рамни на Божји промисли. Навистина мислам така.
Не е тајна дека тој својата сила ја црпи на Острошкиот манастир и на многу други свети места со кои Србија, цел Балкан изобилува, не е тајна дека се крсти после секоја победа и ја кажува Оче наш, исто како што “Молитвеникот“ е неговата Библија за живот.
Ништо од ова не е тајна.
За мене тајна е неговата суптилна промисленост.
Онаа која чинам Исус ја немаше, па беше распнат на крст и оваа која Ноле ја има, точно за да не биде распнат.
Прв пат кога го одбра Иванишевиќ, за да му биде тренер. Ова ќе го разберат само оние, кои во срж го познаваат српско-хрватскиот антагонизам. Колку и да оди светот напред, некои работи остануваат закоравени за навек. Една од нив се чини засекогаш ќе биде токму тој хрватско-српски антагонизам. За жал, но така е.
Потребата на Ноле да биде сакан е нешто што исто така е јасно како бел ден.
Еднаш, не знам кој рече “Новак што и да направи, никогаш нема да биде сакан како Федерер“.
И точно, што се не направи, не само како спортист, туку како човек најмногу. Колку само донации не подари, кому се не помогна, колку пати само, му го сврте и другиот образ на светот, додека овие го шамараа по едниот и пак ништо.
Се чини дека и овој потег, да го одбере Енди Мареј за свој тренер е одлука, која веројатно само Бог може да ти ја шепне.
Ова, ќе го разбере секој оној, кому му е јасна накурчената британска нарцисуидност. Да!, тие себе си се сметаат за над-народ. Нивната плава крв им дава за право да се сметаат себе си за привилегирани во секој еден момент. За што и да се работи.
Јебига, така е поделен светот. Или така го поделија Британците.
Токму оваа промисленост, да го одбере Енди Мареј за свој тренер, се чини е длабоката тајна на Ѓоковиќ. Да го добие она, што ниту еден Балканец, да не речам ниту еден Србин, или Македонец нема да го добие никогаш. Што и да направи. Таа одважна британска курчевитост. Верувам, изморен е веќе од тоа секогаш да се смешка и на камењата кои го гаѓаат од сите страни, тој со леб да враќа. Верувам и му верувам дека е изморен.
Ова ми се потврди и кога на мечот со чехот Лехечка, едноставно го зема микрофонот од Џим Куриер, откако нему му шепна нешто и со една реченица се заблагодари на присуството на навивачите.
А во позадина многу погласно, како да одекна. Фак ју ол.
Типично британски.
За Женски Магазин, Тања Трајковска
*Ставовите изразени во колумната се исклучиво лични ставови на авторот и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Женски магазин
Колумната можете да ја слушнете во аудио верзијата подолу: