5 најпродавани зимски парфеми во dm кои вреди да ги пробате што поскоро!
Зимски парфеми кои вреди да се пробаат што е можно поскоро!
Во текот на летото, сите сакаме полесни парфеми со ноти на цитрус, краставица или цвеќиња, но за време на постудената сезона, приказната за парфемите целосно се менува - тогаш се обвиткуваме во мошусни, сензуални мириси кои носат топлина во нашите денови и траат ли траат.
Зимските парфеми традиционално се сметаат за потешки и поопојни од летните, а ние решивме да направиме листа и побаравме од DM да ни ги открие најпродаваните зимски парфеми кај нив.
Следејќи ги парфемите кои владеат зимово и се најбарани, подолу следи листата на петте најбарани женски и машки зимски парфеми, а она што треба да го знаете е дека наведените парфеми имаат секогаш поволна цена, токму во dm дрогериите.
Првото место на листата го држи парфемот Women’secret rose seduction.
Префинет и задводлив женски мирис Rose Seduction. Нов софистициран, заводлив мирис за жени. Припаѓа на семејството на овошни-цветни мириси и содржи светки. Мирисот на цвеќиња од портокал се развива во заводливоста на јасмин засладен со благи во комбинација со кремаста ванила и мошус.
Втор најбаран женски парфем во dm e Boss The Scent 30 ml.
Boss The Scent за неа зрачи со женствена елеганција, топлина и заводливост.
Овој мирис на експертски начин ја отсликува историјата на заведувањето, од привлечност, до заведување и конечно зависност, со неодолива и моќна комбинација на состојки.
Со заводливост во својата срцевина, мирисот ја рефлектира интеракцијата помеѓу двајцата протагонисти која станува сè поблиска, поттикната од почетната привлечност која постепено се расплетува, за да открие сензуален подтон со несомнено волшебна моќ.
И на третото место најбаран женски зимски парфем се издвојува La rive her choice 100 ml .
Парфем од семејството на цветни мириси – за жени со слобода која владее во нивните срца и умови.
Мирис кој ги поврзува традициите и елеганцијата на женствен начин. LA RIVE HER CHOICE ја претставува новата генерација, за која слободата е една од најважните вредности.
Запознајте ја комбинацијата на ароми на цвет од портокал и бергамот, исто толку сјајни како вашата енергија и искористете ја за да ги остварите вашите соништа. Суптилните цветни мириси на тубероза и јасмин ќе го водат вашиот пат, со сигурност.
Blue Jeans од Versace е ароматичен fougere мирис за мажи, претставен во 1994 година. Парфемот е креација на Jean Pierre-Bethouart. Ова е мирис на кој загарантирано се враќаш. Класичен машки мирис, слатко-цитрусен на почеток, благо зачинет во срцевината и топло дрвенест на крај.
Кој од овие пет парфеми вие би го избрале?
Ирена Ставрова