Без диети и гладување - нејзината мисија е девојките да создаваат здрави навики преку проверен начин: Наде Василевска, личен тренер за Женски магазин

Добивај вести на Viber

Сопствениот успех, раст и развој на кој работи секојдневно, но и успехот на нејзините клиенти и нивното лично задоволство од она што го постигнале како животна промена, не само телесна трансформација е она што за младата скопјанка Наде Василевска претставува најголем мотив.

Таа е фитнес тренер кој менува животи и ја има создадено програмата Fitness Mastermind која до ден денес е најбарана програма за слабеење, а доказ за успешноста ѝ се стотици задоволни девојки.

Почетоците во спортот на Наде се од 7 годишна возраст. Како прв спорт со кој се има занимавано е каратето со освоени многу медали и натпревари, потоа Бразилка Џиу Џица (BJJ) каде има освоено национални, државни, балкански, меѓународни и европски првенства, ММА, streat fight, Box, Kick Box... 


Оваа шармантна девојка е личен тренер од 2017 . Најпрво започнува со персонални тренинзи, а после една година ја создава програмата Fitness Mastermind.

„Јас како личен тренер и ментор, сум тука за да ви покажам дека слабеењето не мора да биде тешко, скапо или краткотрајно. Мојата мисија е да ги едуцирам моите девојки како да создадат здрави навики и да го подобрат целокупното здравје преку одржлив и проверен начин“ , вели Наде на почеток од нашиот разговор.

Според неа сѐ може да се постигне со правилна методологија, тренинг исхрана и поддршка!

-Моите клиентки најчесто знаат да кажат „Сум пробала 100 начини но никогаш не успеав, а сега конечно успеав да намалам 30кг и да решам многу здравствени проблеми и ова е најдобрата инвестиција во мојот живот.“

Прво, што барам е да не се обвинуваат и да не ја рушат сопствената самодоверба поради 100 неуспешни обиди, бидејќи не знаеле за подобро! Нормално е да не се успее со брзи диети и прегладнување ! И често кога ќе ми кажат дека се откажуваат им велам БРАВО!- вели Наде.

Многу луѓе не се свесни дека навиките со храна често се поврзани со емоции – стрес, тага, или дури и радост. Без решавање на ова, обидите ќе бидат краткотрајни

Многу жени очекуваат резултати преку ноќ. Кога тие не доаѓаат, следува разочарување и откажување.

Повеќето „популарни“ диети се базирани на ригорозни правила, исфрлени намирници и екстремни ограничувања. Тие не се одржливи и можат да му наштетат на сечие здравје.

Телото не функционира добро кога е под стрес од недостаток на храна. Наместо да слабее, често складира масти како одбранбен механизам.


Нејзината филозофија се состои правилото од 80-20%.

„Овој принцип подразбира урамнотежена исхрана каде 80% од времето консумираме здрава, хранлива храна, додека за мали задоволства оставаме 20%. 

На овој начин, го елиминираме чувството на ограничување, кое е клучно за долгорочен успех“ , вели Наде образложувајќи дека во програмите таа ништо не забранува, но во текот на програмата се доаѓа до точка кога потребата за слатка и масна храна ја нема.

„Немаме потреба од такви задоволства, зошто? Затоа што ги средивме емоциите и девојките повеќе се сакаат себеси, па сфаќаат дека нема потреба од самоуништување. И затоа се важни редовните оброци“ , децидна е таа.

Наде како личен тренер го стартува денот со чаша вода, потоа квалитетен доручек, па кафе. Кафето сака да го испие сама и да одвои 1 час за читање на книга и правење на дневен план на обврски.

View this post on Instagram

A post shared by Nade Vasilevska (@nade.vasilevska)




„Прво на мени ми е чашата вода пред сѐ од здравствени причини. Нашето тело е дехидрирано додека спиеме и сабајле водата е најпотребна за хидратација и нормално функционирање на нашиот мозок и органи. Доручекот ми дава енергија и фокус за целиот ден, тој ми е богат со протеини, влакна и хидрати.

Кафето го обожавам, но не го користам за дополнителна енергија во денот, добриот сон и квалитетните оброци се најпотребни за добро разположение и енергија. Бенефитите од првото кафе, разговор со сама себе и читањето книга е време кое го посветувам на себе за убав и продуктивен ден“, вели девојката која променила стотици животи на подобро.

Она што на Наде ѝ дава дополнителна енергија се разговорите со нејзинитет блиски пријатели, како и разговорите и успесите на нејзините клиенти. Секако тука е и тренингот кој ѝ ги полни батериите.


„За сите трансформации е потребно и тренинг поради сите здравствени бенефити. 

Вежбаме 4 пати во неделата од 4-30мин во домашни услови со готови спремни тренинзи. Вметнуваме пешачење во секојдневието.

А најбитен момент за успешна трансформација е поддршката и менторството, зошто решаваме проблеми и така имаме долготраен успех без враќање на килограмите назад“, искрена е таа.

Денот за нашата соговорничка речиси секогаш завршува со лична сатисфакција затоа што ги завршила сите задачи и обврски. 


„Кога знам дека утрешниот ден ќе ми биде порелаксиран  крајот на денот го завршувам со вечера со моите пријатели, чаша вино и позитивен разговор.

Често сакам да прочитам добра книга, ама уживам и во добар филм.

Секој нов ден ми носи нови можности и шанси за раст. Секој ден сум среќна и благодарна за се што имам и со мисла да бидам најдобра верзија од себе, да уживам во моментите. На крајот од денот правам ревизија на се што сум направила добро и што е она што можам да го променам утре.  “Секој чекор напред, без разлика колку мал, е напредок“ – вели на крајот од нашиот разговор Василевска.


Ирена Ставрова