Филип Кузмановски специјално за Женски магазин: Ми се оствари сонот

Добивај вести на Viber

Капитенот на Македонија, Филип Кузмановски, засега е лидер на листата на стрелците на Мундијалот. Досега постигна 31. голови на три натпревари.

-Признанијата се секогаш добредојдени,  оти само така знаеме дека сме на правиот пат и мотив така да продолжиме .Но, ова е колективен спорт и заслугите се и на тимот и на сите играчии за овие мои одлични натпревари. Тие се доказ дека има одлична хемија помеѓу сите нас- ни изјави Кузмановски кој открива дека капитенската улога за него е голема одговорност.

-Но,уживам и максимално се трудам и ќе се трудам да бидам најдобар пример на сите како на теренот така и надвор од него. Исто така таа за мене претставува и остварување на еден сон, кој го посакував од дете.

Имав среќа да учам и се уште учам од една легенда како што е нашиот селектор Кире Лазаров – вели Кузмановски. 

Машката репрезентација на Македонија денеска ќе се соочи со Австрија во рамки од првото коло од главната фаза на Светското првенство 2025.

Натпреварот е на програмата од 15:30 часот.

С.А.Н


Фото:  Ракометна Федерација на Македонија - Фејсбук официјална страница