ПО ТРАГЕДИЈАТА ВО ПРИЛЕП: Што велат психолозите, треба ли луѓето да се тестираат дали се спремни за родители?

Добивај вести на Viber

По немилиот настан кој деновиве се случи во Прилеп, каде две бебиња - близнаци стари само 20-тина дена, според првичната проценка на лекарите, починаа од премрзнување, стручните лица велат дека треба да се подигне свеста за тоа каква одговорност носи родителството. Секој поединец пред да се одлучи за формирање на семејство, треба да се преиспита дали е подготвен да биде родител.

„Како форма „тест за родители“ не постои, но дефинитивно свеста за одговорно родителство мора да се зголеми во општеството“, вели психолог од внатрешноста на Македонија.

Луѓето треба да бидат свесни за степенот на зрелост и одговорност кој го поседуваат или не го поседуваат. Дали, кога ќе имаат деца, како ќе ги воспитуваат, сопружниците треба заеднички да донесат одлука.  Важна е емоционалната стабилност, но и да се едуцираат околу негата и грижата за бебињата. На оваа тема има прирачници, но се организираат и школи за родителство.  Сепак, психолозите велат дека во нашето општество често читаме за трагедии, за децата кои се малтретирани, принудени на питачење, живеат во сиромаштија, па дури имаше и грозоморни случаи на родосквернавење.  Повеќе на Фактор.мк