НИ ДОАЃААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Еве ја прогнозата на Попоски

Добивај вести на Viber

Во текот на следната седмица, односно во периодот од 20 до 27 јануари, и тоа барем според моменталните изгледи и излези на Европскиот модел (ECMWF), ќе имаме многу постабилно време со натпросечно високи температури на воздухот, и тие ќе бидат повисоки од просечните за овој период од годината за 3 до 6 степени. Исто така, и врнежите ќе бидат потпросечни, иако во вторник и во среда, на 21  и на 22 јануари ќе имаме услови за локални послаби врнежи од дожд, додека на планините со надморска височина од над 1300, 1400 метри ќе има слаби врнежи од снег, вели метеорологот Славчо Попоски.

„Ќе биде претежно тивко. Но мора да напоменам дека по котлините ќе се зголемат условите за појава на магла  и на ниска облачност, која ќе биде најгуста во ноќните  и во утринските часови, па така во овие котлини ќе имаме  и пониски максимални дневни температури на воздухот. Повеќе детали за временската прогноза прочитајте на Фактор.мк