Хаос во Ѕвездите на Гранд: Мили и Цеца повторно во жесток конфликт, а потоа интервенираше Бекута - Срам да ви е!

Добивај вести на Viber

Хаос во Ѕвездите на Гранд: Мили и Цеца повторно во жесток конфликт, а потоа интервенираше Бекута - Срам да ви е!

Секој се бори за својот кандидат

Во синоќешната емисија „Ѕвездите наГранд“ во еден момент лицата на менторите Цеца Ражнатовиќ и Ана Бекута го отсликаа нивното незадоволство од начинот на кој нивните колеги коментираат и гласале, велат кандидатите кои се во нивниот тим.

Првиот кандидат од тимот на Ражнатовиќ освои пет гласа, додека вториот од тимот на Ана доби три гласа за поддршка.

Оценувањето беше проследено со коментари на жирито.

Босанецот Драган Стојковиќ нивните настапи ги нарече просечни, а Мили и двајцата ги остави без глас.

- Јелена симпатична, но немоќна, а Маја моќна, но неразбирлива. Многу ти беше лоша дикцијата - краток беше Александар Милиќ Мили.

 Менторите на натпреварувачите го добија последниот збор по жирито и оттаму започна хаосот.

- Им благодарам на колегите кои ја поддржаа Јелена, мислам дека си оштетена затоа што брилијантно пееше, презадовона сум од твојот настап. Секој има прв да гласа како сака, тоа е негов срам, народот гледа и слуша подобро од другите - започна излагањето на Цеца кога Мили ја праша дали тоа се однесува на негова сметка.

- Дали јас тебе те посочив? Зборуваш за девојката Маја која е од Белград за дикција, а ти дикција немаш, ајде те молам појма немаш и коментираш некого – искоментирала Цеца, пишува курир.рс.


Фото: Youtube - screenshoot