Што вози Јелена Карлеуша? Платила џип како стан во Белград, има масажери, фрижидер...

Добивај вести на Viber

Јелена Карлеуша вози џип, мерцедес АМГ Г-63, кој е еден од најскапите модели од споменатата марка и чини 183.000 евра.

Пред ова возило таа возела мерцедес купе ГЛЕ 450, што ` го купил поранешниот сопруг Душко Тошиќ во 2016 година.

Поранешниот фудбалер за тој автомобил потрошил 70.000 евра.

Кога и здосадил тој автомобил, пејачката се почастила со ново возило на четири тркала од нејзиниот омилен производител.

Таа сакала безбеден автомобил за нејзините ќерки, а овој џип има имобилизатор на моторот, автоматско сопирање, следење на мртва точка и воздушни перничиња на сите страни, дури и за колената.

Дополнителни пари дала и за персонализирана регистарска табличка на која пишувало иницијали „ЈК“. За тоа задоволство платила уште 800 евра.

За овој луксузен модел се одлучила поради дополнителната опрема.

Сите седишта се загреваат, покриени со природна кожа и масажери! Светлата се прилагодуваат на сите надворешни услови, а има и камера која го снима патот, контролен панел од кој е регулиран целиот систем во автомобилот, како и одличен аудио систем.

Интересно е што ретровизорот се спушта при возење наназад, а брзините може да се менуваат на воланот. Можно е дури и да се даваат гласовни команди на автомобилот! Џипот има и мал фрижидер, како и простор за складирање чаши.

Јелена еднаш изјави дека сака скапи автомобили, но не сака брзо возење.

- Како вистински Лав сакам скапи работи. Така е и кога се во прашање автомобилите. Сакам добри сериозни машини на четири тркала. Често сум на пат и тоа значи дека возам во безбедна кола. Но, не сакам брзо возење. Кога сум зад воланот возам внимателно и никогаш не ја надминувам максималната брзина. Кога некој друг ме вози, секогаш му велам да внимава и да вози побавно – изјави во една прилика Карлеуша.


Фото: Youtube - screenshoot