Јована Јеремиќ во Америка се спореди со Мишел Фајфер од култниот филм: „Јас сум само поопаснa“
Јована Јеремиќ е во Америка каде ќе известува за инаугурацијата на Доналд Трамп
Водителката на Пинк, Јована Јеремиќ, повторно отпатува во Америка, од каде во живо ќе известува од инаугурацијата на Доналд Трамп, кој на 20 јануари 2025 година ќе ја преземе функцијата 47-ми претседател на САД.
За тоа време покажува разни интересни работи кои ја опкружуваат и со кои се среќава, а на Инстаграм сето тоа го нарекува „Keeping up with JJ“.
Во слободното време водителката прави неколку селфи фотографии и со силни споредби си ја зголемува самодовербата. Јована пред неколку часа, откако се пофали дека сама се шминка и си прави фризура, сподели селфи од огледало, а се спореди со Мишел Фајфер од филмот „Лице со лузна“.
„Елвира од Scare face. Јас сум само поопасна. НЕ СУМ СОВРШЕНА, ЈАС СУМ ОРИГИНАЛНАТА“.
Под нејзината објава имаше шарени коментари - од оние на кои им се допадна нејзиниот изглед, а некои рекоа дека е на тој пат затоа што е силна и независна жена, а имаше и повеќе исмејувачки, кои на водителката и порачаа дека си умислува дека изгледа како актерката.
Фото: Инстаграм