Тоалета која издишува елеганција и детаљ стар 70 години: Меланија Трамп на балот се надмина себеси! (ВИДЕО-ФОТО)

Добивај вести на Viber

По церемонијата на инаугурација, Трамп и неговата сопруга присуствуваа на три официјални инаугуративни балови во Вашингтон, а таа подготви изненадувачка тоалета за таа пригода.

Доналд Трамп (78) повторно е претседател на САД, а неговата претседателска инаугурација ги оправда очекувањата.

Контроверзни ветувања, комични моменти совршени за „мимови“, феноменалниот моден стил на присутните, повремената модна катастрофа... се беше таму, а главна тема на медиумите кога се во прашање неполитичките прашања дефинитивно е изгледот на првата дама на САД Меланија Трамп.


Сопругата на Доналд Трамп изгледаше спектакуларно во темносино одело од Адам Липас, со шешир од Ерик Џавитс, а не помалку импресивно изгледаше и на инаугуративниот бал по заклетвата, кога пред публиката се појави во необична бела тоалета. 



Сите очекуваа Меланија да се потпре на нејзиниот стилист Ерве Пјер за да ѝ помогне да избере балска тоалета, но овој пат, како и во 2017 година, тој лично ја дизајнираше.

Пјер сега го изненади светот со уште една прекрасна креација во свилен креп, модел без ракави, без прерамки кој паѓа покрај телото, нагласувајќи ги неговите контури. На бела позадина, две црни ленти од свилена газа создаваат моќен контраст, од кои едната ги покрива градите во цик-цак потези, а другата паѓа од половината надолу по шлицот.

Меланија го акцентираше својот фустан со дијамантски брош од 1955 година, потпишан од познатиот златар Хари Винстон, а го носеше на црн чокер.

Неговиот дизајн треба да го одразува концептот на Пјер: лента што опкружува букет цвеќе, како што беше случај во неговите првични скици за фустанот.

View this post on Instagram

A post shared by Herve Pierre Creative Director (@herve_pierre_creative_director)



– Голема чест е што соработував со Првата дама на дизајнот на нејзиниот инаугуративен фустан. Беше јасно дека г-ѓа Трамп гравитираше кон комбинацијата на црно и бело, верна на нејзиниот стил и визија – рече Пјер во изјавата за медиумите.



ФОТО: Printscreen Twiter