Џесика Алба потврди дека се разведува после 16 години брак и гласини дека го изневерила сопругот: „Време е да тргнеме напред понатаму како поединци“

Добивај вести на Viber

Џесика Алба (43) го потврди разводот од филмскиот продуцент Кеш Ворен (45) по 16 години брак. Една недела откако информацијата стигна до медиумите, актерката се огласи на социјалните мрежи.

Пукна ли љубовта на Џесика Алба и Ворнер по 20 години брак и три деца? Важеа за златна двојка, а сега ...


Џесика Алба во четвртокот на социјалните мрежи потврди дека на нејзината романса со филмскиот продуцент и дојде крајот.

„Со години сум на патување на самооткривање и трансформација – и како поединец и во партнерство со Кеш.

Горда сум на тоа како пораснавме во нашиот брак во изминатите 20 години, но сега е време да започнеме ново поглавје на раст и развој како поединци. Одиме напред со љубов, добрина и почит еден кон друг и засекогаш ќе останеме семејство. Нашите деца остануваат наш најголем приоритет и бараме приватност во овој момент“, напиша Џесика Алба.



Од друга страна, Кеш Ворен не го коментираше раскинувањето. Актерката и продуцентот последен пат беа видени заедно во ноември минатата година.

На почетокот на декември, Џесика Алба беше видена без бурмата на романтична вечера со познатиот италијански филмски продуцент Андреа Лерволино во луксузниот ресторан „Болоњезе“ во Рим. Тогаш почнаа гласините за аферата на актерката, а на почетокот на јануари TMZ објави дека таа се разделила од продуцентот и дека се оди кон развод.



Да потсетиме дека Џесика Алба и Кеш Ворен имаа три деца во бракот, ќерките Хонор (16) и Хевен (13) и синот Хејс (6).



Нивната љубовна приказна започна на сетот на филмот „Фантастична четворка“ во 2004 година, каде Џесика Алба ја играше Сју Сторм, а Кеш Ворен работеше како асистент режисер. Тие се венчаа во 2008 година на интимна церемонија во Лос Анџелес.