Бред Пит проговори по измамата откако поради него на девојка ѝ биле изнудени 830.000 евра: Испратила пари и станала жртва
Бред Пит ги предупредил своите обожаватели за ваквите измами со помош на вештачка интелигенција.
Актерот Бред Пит деновиве се најде во центарот на вниманието откако веста за Французинката која поради него изгуби 830.000 евра го обиколи светот.
Дизајнерката Ен стана жртва на измамници, а своето искуство неодамна го сподели во интервју за емисијата „Седум до осум“.
Откако таа ја откри својата приказна, се огласи и Бред Пит, кој ги предупреди своите обожаватели за вакви измами со помош на вештачка интелигенција.
„Ужасно е што измамниците ја злоупотребуваат силната врска што фановите ја имаат со познатите личности. Не одговарајте на такви пораки, особено од актери кои воопшто немаат присуство на социјалните мрежи“, рече тој преку неговиот портпарол, според Индипендент.
Што се случи?
Ен изјави за TF1 дека првпат ја контактирал некој што се претставувал како мајка на Пит, веднаш откако почнала да користи Инстаграм за прв пат додека била на скијање со своето семејство во Франција.
„Ми рече дека на нејзиниот син му треба некој како мене“, објаснила Ен.
Измамниците и испратиле порака неколку дена подоцна, овој пат претставувајќи се како Пит.
„На почетокот си реков дека е лажно, смешно“, објасни Ен за TF1.
„Но, јас не сум навикната на социјалните мрежи и навистина не разбирав што се случува со мене. Се прашувам зошто ме избраа мене за да направам такво зло? продолжи таа. „Никогаш не сум повредила никого. Овие луѓе заслужуваат пекол“, рече повредена Ен.
Фото: ИнстаграмИзвор: Kurir.rs