По 2 пластични операции оваа жена личи како сама на себе да е ќерка: Хирурзите во Турција го направија невозможното (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Колку ринопластиката може да го промени изгледот на човекот најдобро покажува примерот на извесна госпоѓа Дилек која го оперирала носот во Турција.

Над 28.000 луѓе со ентузијазам го коментираа појавувањето на извесна госпоѓа Дилек, која имала две операции на носот.

Г-ѓа Дилек го оперирала носот во турска клиника.

„Нашата мила пациентка, госпоѓица Дилек, по 2 години ринопластика и блефаропластика“, стои во описот на фотографијата на која се гледа како изгледала оваа жена пред и по пластичната операција во позната турска клиника во Истанбул, а резултатите се неверојатни. 

Се чини дека покрај операцијата на носот, дотичната дама направила и подигнување на очните капаци, што резултирало со неверојатна трансформација. Многумина коментираа дека таа сега изгледа како „да си сама на себе ќерка“. 

Многумина во коментарите напишаа дека не изгледа реално и дека е невозможно да се постигнат такви ефекти, но, ако се земе предвид дека фотографиите се на официјалниот профил на турската клиника на Инстаграм, која има речиси 600.000 следбеници, можеме да заклучиме дека ефектите од естетската и пластичната хирургија се подалекусежни отколку што можеме да замислиме на прв поглед.

Бојата на очите различна?

Она што многумина го забележаа е дека и бојата на очите на оваа жена е променета и дека веќе не се кафени, туку зелени, но во коментарите дознавме дека се работи за контактни леќи во боја. 

View this post on Instagram

A post shared by Facial  Plastic Surgery, Dental Treatment and Cosmetic Products (@esteistanbul_)

Сепак, најголемата трансформација (заедно со ботоксот) ја направија двете споменати операции - ринопластика и блефаропластика.

ГАЛЕРИЈА: