Кој друг ако не таа: Кенијката Ема Блажеска повторно ги насмеа сите со нејзините необични совети

Добивај вести на Viber

Најпозната Кенијка кај нас Ема, која е скопска снаа повторно на нејзин хумористичен начин ја насмеа јавноста.

На социјалните мрежи сподели интересен совет за љубовните врски на граѓаните: 

„Мои дами, најдете си постар маж. Кога вие ќе почнете да ја губите убавината, тој веќе ќе почне да го губи видот. Бидете тука за повеќе совети за вашите врски“. Оваа насмеа многумина.

Ема од Кенија која е мажена за Михајло и е македонска снаа скоро 6 години, како што многупати истакнала ја засакала нашата земја, а пред се‘ македонската народна музика. Па редовно знае да запее на македонски и да ја воодушеви јавноста.

Таа е блиска и со нејзината свекрва, па неодмана заедно снимаа видео

А за новогодишно божиќноите празници во интервју за Женски магазин ги откри разликите во прославувањето кај нас и во Кенија: „- Тоа време од годината е резервирано за семејството. Многу луѓе кои работат и живеат во поголемите места се враќаат во руралните средини да бидат со своите најблиски. Кенијците се религиозни и Божиќ е најважниот ден за нив. Домовите се украсуваат со божикни украси, нормално тука е и елката. На божиќната вечер се пеат божиќни песни. Храната игра голема улога за време на Божиќните прослави. Се приготвува храна што обично се прави кога прославуваме нешто. Исто така Божиќ е време кога помагаме на тие кои имаат помалку, донираме храна, алишта или пари на настани организирани од црквата. Во тоа време од годината луѓето имаат слободни денови кои ги користат за патувања или посета на семејствата. Новогодишната ноќ како и тука се пречекува со забави и огномети има и организирани прослави на отворено, но и по клубовите, целото интервју прочитајте го ОВДЕ.


Р.Ж.М.

Фото: Инстаграм/ приватна архива