Мислеше ќе ја „зафркне“ свекрвата: Ема од Кенија се скисели во лицето и ги насмеа сите

Добивај вести на Viber

Ема Блажевска е Кенијка која е омажена за Михајло од Скопје. Таа е позната во јавноста како дама која ја сака македонската песна, знае повремено и да ги запее нашите народни и поп песни. Но, Ема преку своите видеа знае и да ја насмее јавноста.

Така, овој пат во видео на кое таа е со нејзината свекрва насмеа многумина. 

Имено на видеото тие две седнуваат да ручат, а додека свекрвата е се‘ уште во кујната таа во нејзиниот тањир става многу сол. Но, итрата свекрва очигледно насетила што сака да ѝ направи снаата, па ја прати Ема по леб. Додека да го донесе лебот свекрва ѝ ги смени тањирите и уживаше во ручекот. На што се изненади Ема. И во првиот момент кога вкуси од нејзиниот ручек се сети дека свекрва ѝ ја изиграла.

Оваа видео е само уште едно во низата хумористични дела на најпознатата Кенијка кај нас, а нејзината свекрва често е дел од нив. А и токму свекрвата, како што многупати изјавила Ема ѝ е голема поддршка .

Коментарите се нижеа под објавата: „Свекрва ти е за 100 мерака Емче“, „Ептен сте се погодиле“, „Ти мислиш така ќе ја премоташ свекрвата“, „Браво за свекрвата“...

Инаку, Ема и Мики имаат интересна љубовна приказна која ги урива сите можни предрасуди. Се запознале преку Интернет, љубовта преку жици ја негувале скоро две години за кога Ема ќе дојде во посета на Македонија да ја крунисаат со брак. Се почнало со еден комплимент кога таа работела како учителка во Тајланд. Целото интервју прочитајте го ТУКА.

Фото и Видео: Инстаграм

Р.Ж.М.