Бебешки лудории со тато Марко: Близнаците Веда и Вања, мали палавковци
Водителот Марко Новески со близнаците Веда и Вања и сопругата се на одмор во Крушево.
Во април минатата година водителот и неговата сопруга Цена ги добија близнаците.
Веда и Вања се веќе пораснати, можат да седат, разбираат, па дури и со мама и тато одат на кафе и се смеат.
Преслаткото стори кое го објави Марко од престојот во Крушево, близнаците се на кревет додека си играат, а водителот покажува како изгледа забавата.
Во интервју за Женски магазин Марко откри дека нема поубаво чувство што е татко, но и советува кој планира семејство тоа да го направи побрзо, а не на 44 години како тој.
„Станете татковци, нема ништо поубаво на целиот свет, но бидете подготвени дека ќе ви се променат нештата многу. Нема поубаво нешто. Целото ова неспиење, не го ни чувствувам (лажам дека не го ни чувствувам) ама мала цена да плати човек за тоа што го добива. Нека се живи и здрави, тоа ми е само единствената мисла. Ако планирате да станете татковци, родители направете го тој чекор немој да дозволите да ви преовладаат оние мисли како немам доволно финансии, цел живот ќе наоѓате изговори, а со тие изговори може да стигнете како мене дури на 44 години да ви се исполни тоа што најмногу сте го посакувале цел живот“, вели Марко.
Фото: ИнстаграмРЖМ