Актуелно // Insta вести
„Ја сменивме адресата, а ние останавме исти... Животот е убав“: Фолк парот Татјана и Новица слават 10 години живот во Австралија
Парот од Македонија Татјана и Новица и двајцата пејачи, заедно со нивните синови Петар и Стефан прославија 10 години живот во Австралија.
По тој повод семејството направи вистинска гозба за најблиските и дуваа свеќички на чоколадна торта со бројот 10.
„20 Јануари 2015. На денешен ден пред точно 10 години пристигнавме во Австралија. Ја сменивме адресата, а ние останавме исти... Животот е убав“, напиша Татјана на кусото видео.
Судејќи по објавите на Инстаграм, Татјана и Новица често имаат т.н музички тезги каде пеат македонски мести на покана на македонски иселеници кои прават прослави во Австралија.
Со нив на тапан ги придружува и нивниот син Стефан.
Фото: ИнстаграмРЖМ